|
Во периодот од 19 до 22 јули 2010 година, претставнивци на Одделението за соработка со невладини организации остварија студиска посета на Канцеларијата за соработка со невладини организации на Република Хрватска.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Собранието на Република Македонија го донесе Законот за здруженија и фондации , објавен во "Службен весник на РМ" , бр. 52/2010.
|
|
|
Во рамките на проектот “Регионална активност на граѓанското општество за подигање на свеста и толеранцијата“ здружението на граѓани “Иницијатива за европска перспектива„ во соработка со локалните власти од општините Долнени, Гази Баба и Чаир организираа фокус групи. Првите од трите фокус групи во секоја од општините се одржаа на 28 јануари 2010 година во општината Долнени, 29 јануари 2010 година во општината Гази Баба и на 03 февруари 2010 година во општината Чаир. Целта на овие фокус групи, организирани како еднодневни работилници, е релевантните претставници од централната и локалната власт, како и претставниците на граѓанскиот сектор да разговараат за начините за интеграција и вклучување на заедниците во креирањето политики на локално, национално и регионално ниво, како и за формирање на мрежа на граѓански организации која ќе соработува со властите за подигање на јавната свест и промовирање на еднаквоста, малцинските и човековите права.
На фокус групите учествуваа претставници на општините Долнени, Гази Баба и Чаир, претставници на Одделението за соработка со невладини организации, претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Министерството за култура, Агенцијата за остварување на правата на заедниците, како и претставници на граѓанските организации.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Одделението за соработка со невладини организации Ве известува дека врз основа на член 19 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2009 година („Спужбен весник на Република Македонија" бр.166/2008), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 18 август 2009 година, донесе Решение за изменување на Решението за именување претседател и членови на Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата на граѓани и фондации од Буџетот на Република Македонија за 2009 година.
Во Решението за именување претседател и членови на Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата на граѓани и фондации од Буџетот на Република Македонија за 2009 година, број 33 -2853/1 од 9 јуни 2009 година, наместо д- р Трајко Славески, министер за финансии се менува и гласи: „ м-р Зоран Ставрески, заменик на претседателот на Владата и министер за финансии".
|
|
|
Врз основа на член 11 од Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации, Одделението за соработка со невладини организации Ве известува дека Владата на Република Македонија, на седницата одржана на ден 9 јуни 2009 година, донесе Решение за именување претседател и членови на Комисијата за распределба на буџетски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата на граѓани и фондации од Буџетот на Република Македонија за 2009 година, при што именувани се :
-за претседател
• М-р Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи
- за членови
•Абдилаќим Адеми, заменик на претседателот на Владата
• Д-р Трајко Славески , Министер за финансии
• М- р Елизабета Канческа – Милевска , Министер за култура
• Миле Јанакиески, Министер за транспорт и врски
|
|
|
Ве информираме дека Генералниот директорат за вработување, социјални прашања и еднакви можности започна со објавување на јавните повици за прибирање на предлог проекти, што се финансираат во рамки на Програмата на Заедницата за вработување и социјална солидарност ПРОГРЕС 2007-2013. Јавните повици се објавуваат согласно со Годишниот план за работа за 2009 година.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 10 од 19 |