|
Покана за учество на семинар “Финансиска поддршка од Буџетот за граѓанските организации“
Тимот на проектот Техничка поддршка на граѓанските организации -ТАКСО со задоволство ги поканува граѓанските организации на еднодневни семинари насловени како “Финансиска поддршка од Буџетот за граѓанските организации “.
Семинарите ќе се одржат во:
- Струга, хотел Солферино, Црвен крст на 17.02.2010
- Штип, хотел Оаза на 18.02.2010
- Битола, хотел Епинал на 19.02.2010
- Скопје, хотел Континентал на 22.02.2010
Превземи програма
На семинарите, Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија ќе ги презентира релевантните правни акти за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации од Буџетот на Република Македонија, како и начинот на кој треба да бидат пополнети обрасците за аплицирање на Огласот за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации за 2010 година.
Исто така ќе бидат презентирани планираните активности кои се дел од ТАКСО проектот.
За учество на семинарите ќе треба да се пријавите со пополнување на образецот (rпревземи апликација) е-маил:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
најдоцна до 16-ти до 13:00 часот. Бројот на учесници на семинарите е ограничен и право на учество ќе имаат оние кои навреме се пријавиле. Учесниците кои доаѓаат надвор од градовите каде се одржува семинарот ќе имаат право на покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет. За да се овозможи вклучување на повеќе организации право на учество има по еден претставник од организација.
За повеќе информации - TACSO Македонска канцеларија • 11 Октомври 6/1-3 • 1000 Скопје • тел: +389 2 3225 340 • факс: +389 2 3290 684 • e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
|
|
|
Пoчетна кoнференција на прoектoт ТАКСО „Аспекти на влијанието и одржливоста на граѓанските организации“
Скопје, 10 февруари 2010 г. – Проектот Техничка поддршка за граѓанските организации – ТАКСО, ја организираше својата почетна конференција именувана како „Аспекти на влијанието и одржливоста на граѓанските организации“. Конференцијата започна во 10:30 часот во хотелот Холидеј ин во Скопје. Конференцијата имаше за цел да го промовира проектот ТАКСО и да овозможи дискусија за теми кои се важни за граѓанското општество.
Амбасадорот на Европската, Унија Ерван Фуере, имаше свое обраќање пред учесниците кои беа претставници од граѓанските организации (ГО), од Владата, од мрежите и платформите на ГО, странски донаторски организации и медиумите.
Конференцијата се состоеше од две сесии - Учество на граѓанските организации во креирање политики на национално и на локално ниво, како и Предизвици за одржливоста на граѓанските организации.
Сунчица Саздовска, советник на проектот од локалната канцеларија, рече „овој настан ќе биде една од првите можности да допреме до граѓанските организации во врска со поддршката што ќе ја овозможи овој проект“.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|

Отворен повик
Основната цел на проектот Техничка помош за граѓанските организации (TACSO) е да го зајакне граѓанското општество во рамките на партиципативната демократија, да поттикне поволно опкружување и култура за граѓанското општество, како и да ги зајакне капацитетите и целокупната одговорност на граѓанските организации во рамките на ИПА корисниците (Западен Балкан и Турција), за да се гарантира квалитетот на услугите на граѓанските организации и нивна одржлива улога во демократските процеси.
Важна компонента на проектот е развој на капацитетите на граѓанските организации и во таа прилика се организира:
Регионална обука за учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки, што ќе се оддржи првиот модул во Белград, Србија: 1 - 3 Март, 2010 година и Вториот Модул во Истанбул, Турција на 23 април 2010 година.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
 |
 |
Конфернцијата ќе биде на тема : “Аспекти на влијанието и одржливоста на граѓанските организации”
Проектот “Техничка поддршка за граѓанските организации” е дел од ИПА Структурата за поддршка на граѓанското општество и ќе се спроведува во тек на две години во земјите на Западен Балкан и Турција. Проектот има за цел да го зајакне граѓанското општество во рамките на партиципативната демократијата, да поттикне поволно опкружување и култура за граѓанското општество, да ги зајакне капацитетите и отчетноста на граѓанските организации и да придонесе да се гарантира квалитетот на услугите на граѓанските организации и нивна одржлива улога во демократските процеси.
Проектот се наоѓа во фаза на организирање на првичната конференција именувана како “Аспекти на влијанието и одржливоста на граѓанските организации”, која ќе се одржи во Скопје (хотел Холидеј Ин), на 10.02.2010 од 10:30 - 16:30 часот. На конференцијата ќе биде презентиран проектот Техничка поддршка за граѓанските организации и ќе биде отворена дискусија на две теми:
• Учество на граѓанските организации во креирање политики на национално и локално ниво
• Предизвици за одржливоста на граѓанските организации
На конференцијата ќе бидат поканети да учествуваат граѓански организации, претставници на повеќе институции и локални самоуправи, медиуми и меѓународни организации.
Крајниот рок за пријавување е 03.02.2010 година.
Пријавата за учество
Проектот се спроведува од конзорциумот составен од следните членови: SIPU International – Шведска (водечка компанија), Civil Society Promotion Centre (CSPC), Human Resource Development Foundation (HRDF) - Турција, Foundation in Support of Local Democracy (FSLD) - Полска, и Partners Foundation for Local Development (FPDL) - Романија.
Со задоволство ве покануваме да се пријавите за учество на оваа конференција.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Општата цел на проектот Техничка поддршка на граѓанските организации (TACSO) е да се заjaкне граѓанското општество во рамките на партиципативната демократија, да се стимулира опкружување и култура поволни за граѓанското општество, како и да се зајакнат капацитетите и одговорноста на граѓанските организации (ГО) во земјите корисници на IPA (Западен Балкан и Турција), да се загарантира квалитет на услугите на ГОи и одржлива улога на ГОи во демократскиот процес.
Важна компонента на проектот е развој на капацитетот на ГОи и по тој повод организираме: Регионална пилот обука за генерирање на фондови од Европска Комисија, што ќе се оддржи 2 – 3 Февруари 2010 година, во Истамбул - Турција
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Во врска со Јавниот повик за поддршка на проекти во областа на европска интеграција за невладини организации од Република Македонија на тема „Кои се придобивките на ЕУ од идното членство на РМ“ објавен на ден 2 јуни 2009 година, Комисијата за избор составена од претставници на Германското друштво за техничка соработка- ГТЗ и Секретаријатот за европски прашања-СЕП, се определи за следните проекти
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 10 од 12 |