Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Почетна arrow Активности arrow Студиска посета во Хрватска
Студиска посета во Хрватска Испечати Е-пошта

 

Во периодот од 19 до 22 јули 2010 година, претставнивци на Одделението за соработка со невладини организации остварија студиска посета на Канцеларијата за соработка со невладини организации на Република Хрватска.

19_22_07_2010.jpg Студиската посета беше финансиски поддржана од страна на проектот Техничка поддршка за граѓанските организации - ТАКСО.

Целта на студиската посета беше запознавање на учесниците со системот на управување со грант шеми наменети за граѓанските организации, работата на институциите кои во Република Хрватска ги спроведуваат проектите финансирани од фондовите на Европската унија, како и запознавање со централизираниот и децентрализираниот систем на спроведување на Инструментот за претпристапна помош – ИПА.

Во текот на студиската посета претставниците на Одделението за соработка со невладини организации се запознаа со институционалната рамка за спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската унија наменети за граѓанските организации, како и со работата на Одделението за имплементација на проектите.

Едновремено, претставниците на Одделението за соработка со невладини организации имаа можност да се запознаат со структурата, активностите и улогата на Советот за развој на граѓанското општество во насока на програмирање на поддршката на Европската унија за граѓанскиот сектор.

Претставниците на Одделението за соработка со невладини организации остварија средби со претставник на Централната државна канцеларија за развој на стратегија и координирање на фондовите на ЕУ на која се запознаа со структурата, активностите и улогата на истата, како и со претставници на Централна агенција за финансирање и договарање на која се запознаа со задачите и одговорностите на агенцијата во поодделните фази на договарање и спроведување на проектите.

Претставниците на Одделението за соработка со невладини организации, исто така, остварија средба и со претставник на Европската унија во Република Хрватска на која се запознаа со улогата на Европската унија во централизираниот и децентрализираниот систем на спроведување на ИПА, како и улогата која Европската унија ќе ја има во проширениот децентрализиран систем на спроведување на Структурните фондови.

На крајот од студиската посета претставниците на Одделението за соработка со невладини организации остварија средба и со претставници на две невладини организации, и тоа ГОНГ и Волонтерски центар Загреб и имаа можност да го слушнат искуството на граѓанските организации во целиот процес на имплементирање на грант шемите, од самото програмирање, преку процесот на пријавување и оценување на проектите, до самото спроведување на одобрените проекти.

 

 
Следно >

Анкета

Дали знаете за одделението за соработка со НВО