Одржани консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020
Primary tabs
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – Одделение за соработка со невладини организации, организираше консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020, со цел граѓанските организации со свои предлози и идеи да придонесат кон донесувањето на новата Стратегија, како една од клучните мерки што се однесуваат на граѓанското општество од Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија. Консултативните средби, на кои присуствуваа вкупно 88 претставници на граѓански организации и на органите на државната управа, се одржаа на 16 април 2018 година во Клубот на органите на управата во Скопје и на 19 април 2018 година во салата на Советот на општина Битола. На средбите учествуваа и претставници од Канцеларијата за соработка со НВОи на Република Хрватска, кои го спроведуваат твининг проектот „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор“.
Писмените предлози за Предлог-Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020 можат да се достават до е-маил адресата на Одделението за соработка со невладини организации - nvosorabotka@gs.gov.mk, најдоцна до 30 април 2018 година.
Презентација на Предлог-Стратегијата
Презентација на Предлог-Акцискиот план
Извештај од консултативната средба во Скопје
Извештај од консултативната средба во Битола