ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ 1: Создавање на поволна средина за функционирање и развој на граѓанското општество

 

Општа цел: Силен граѓански сектор како основа за отчетно, транспарентно и демократско општество

Показател на ефект

 

Посебна цел: 1.1. Овозможувачка правна средина за спроведување на основните слободи и права, со фокус на слобода на здружување, собирање и изразување

Показател на исход

 

Мерка: М 1.1.1.Унапредување на правната рамка за здруженија и фондации која обезбедува гаранции за остварување на правото на слобода на здружување во согласност со меѓународните стандарди, законско уредување на надлежностите и составот на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и на учеството во процесите на креирање јавни политики

Показател на резултат

Показател на резултат

 

А 1.1.1.1. Спроведување консултации со граѓанските организации и финализирање на текстот на Предлогот на закон за здруженија и фондации 

А 1.1.1.2. Доставување на Предлогот на закон за здруженија и фоднации на мислење до Венецијанската комисија

А 1.1.1.3. Донесување на нов Закон за здруженија и фоднации, кој ќе обезбедува гаранции за остварување на правото на слобода на здружување во согласност со меѓународните стандарди

А 1.1.1.4. Информирање и градење на капацитетите на институциите и граѓанските организации за доследна примена на Законот за здруженија и фондации

 

Мерка: М 1.1.2.  Подобрување на правната рамка за непосредно учество на граѓаните во одлучувањето

Показател на резултат

 

А 1.1.2.1. Измени на Закон за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните, со цел воведување можност за собирање потписи со користење на информатички средства

А 1.1.2.2. Воспоставување на online платформа за операционализација на можноста за собирање на потписи (е-петиција)

 

Посебна цел: 1.2. Овозможувачка правна и финансиска рамка што ја поддржува одржливоста на граѓанското општество, со соодветно финансирање и даночни правила за граѓанското општество

Показател на исход

 

Мерка: М 1.2.1.Унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации

Показател на резултат

Показател на резултат

Показател на резултат

 

А 1.2.1.1. Трансформација на Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите во хоризонтален правно обврзувачки акт и ревидирање на одредбите за планирање на средствата (задолжителни консултации за приоритетите), одлучување (независни комисии, регулирање на конфликтот на интереси, вклучување експерти и претставници на граѓански организации), објавувањето на резултатите, правото на жалба, следење, известување и сл.

А 1.2.1.2. Зголемување на транспарентноста на финансиските активности на граѓанските организации преку следење на објавувањето на финасиските извештаи на веб страниците на организациите и воспоставување на електронска база на податоци за финансиска поддршка на граѓанските организации од централниот буџет и буџетот на единиците на локална самоуправа

А 1.2.1.3. Воспоставување на гарантен фонд за финансиска поддршка на граѓански организации што аплицираат и се добитници на проекти од европски и други фондови, како што се ИПА фондовите, Хоризонт Европа, Клајмет Кик, ИнвестЕУ, Дигитал Европа и други, а за кои е потребен процент на учество односно кофинансирање

А 1.2.1.4. Поттикнување на институционалниот и организацискиот развој на граѓанските организации преку зголемување на финансиската поддршка од централниот буџет и од буџетот на единиците на локалната самоуправа, во согласност со реалните можности на Буџетот на Република Северна Македонија и обезбедување на друг вид на поддршка

А 1.2.1.5. Воспоставување на систем за следење и известување за доделената финансиска поддршка на граѓанските организации од централниот буџет и од буџетот на единиците на локалната самоуправа, преку подготовка и објавување на годишни извештаи

 

Мерка: М 1.2.2.    Создавање на поттикнувачко правно опкружување за социјално претприемништво

Показател на резултат

 

А 1.2.2.1. Донесување на Закон за социјални претпријатија 

А 1.2.2.2. Вклучување на социјалните претпријатија со правна форма на здружение или фондација во програмите за поддршка на микро, мали и средни претпријатија, вклучително и старт-ап 

 

Мерка: М 1.2.3.    Подобрување на правната рамка за донации и спонзорства во јавните дејности за олеснување на донирањето кон граѓанските организации

Показател на резултат

Показател на резултат

 

А 1.2.3.1. Донесување на нов Закон за донации и спонзорства во јавните дејности, со цел унапредување на механизмите за даночни поттикнувања на донациите и спнсорствата на конзистентен, отворен и транспарентен начин

A 1.2.3.2. Воспоставување Регистар на приматели на донации и спонзорства за активности од јавен интерес

 

Мерка: М 1.2.4.   Промовирање и развој на волонтерството

Показател на резултат

Показател на резултат

 

 А 1.2.4.1. Измена на Законот за волонтерство со цел зголемувањае на граѓанскиот ангажман и волонтерство

А 1.2.4.2. Воспоставување на Национален совет за развој на волонтерството

А 1.2.4.3. Организирање на промотивни активности за зголемување на волонтерството кај граѓаните

Undefined