Јавен повик за избор на четири членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор на седницата одржана на 28.10.2019 година констатира дека на членот во областа „Медиуми и информатичко општество“  на лично барање му престанува членувањето во Советот, а на седницата одржана на 25.11.2019 година, Советот констатира дека на членовите во областите „Наука, образование и доживотно учење“, „Заштита на маргинализираните лица“ и „ЕУ интеграции и политики“ им престанува членувањето во Советот поради отсуство од три седници во текот на една година, согласно член 9 став 1 алинеја 2 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор („Службен весник на РМ“ бр. 98/2016, 164/2017 и „Службен весник на РСМ“ бр. 97/2019).

Macedonian

Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање за избор на член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за областа „Економски и одржлив развој“

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на двајца членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, за областите „Економски и одржлив развој“ и „Медиуми и информатичко општество“ (објавен на 29.10.2019 година) и Јавен повик за гласање за избор на еден член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите за областа „Економски и одржлив развој“.

Macedonian

Консултативни средби со граѓанските организации за утврдување на приоритетните области за финансирање на здруженијата и фондациите од Буџетот за 2020 година

Со цел воспоставување на редовна пракса на широки консултации за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации од државата, Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), организираше три консултативни средби со граѓански организации во Скопје (12.11.2019 година), Битола (14.11.2019 година) и Штип (15.11.2019 година).

Macedonian

Консултации за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации од Буџетот за 2020 година

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Одделението за соработка со невладини организации во Генерален секретаријат, ве поканува да земете учество во консултациите за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации од Буџетот за 2020 година. Консултациите се организираат во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ која е финансирана од Европската Унија. 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS