Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2025 година

Согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11), Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2025 година. Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2025 година. Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 20.9.2024 година, со назнака Иницијатива за ГПРВ 2025.

Образец на Иницијатива за ГПРВ 2025

Macedonian