Консултации за Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија организира консултации со граѓанските организации за Предлог-програмата за финансирање на  програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година, што ќе се одржат на 17.12.2018 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ул. Кирил и Методиј бр.50, Скопје).

Заинтересираните граѓански организации можат да го пријават своето присуство на nvosorabotka@gs.gov.mk, најдоцна до 14.12.2018 година. 

Писмени коментари на Предлог-програмата можат да се достават на nvosorabotka@gs.gov.mk до 17.12.2018 година.

 

ПРЕДЛОГ-ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА  ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА И ФОНДАЦИИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА

ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СТРАТЕШКИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО 2019 ГОДИНА

АГЕНДА ЗА НАСТАНОТ

 
Macedonian