Submission #266

Образование и наука
Здружение за поддршка на семејства, поединци и групи СРЕЌЕН ЖИВОТ - Тетово
https://srekenzivot.wixsite.com/srekenzivot
sreken_zivot@yahoo.co.uk
075 357 227
Ул:„Маршал Тито“бр.168/14 Тетово
Здружението Срекен Живот од Тетово работи на промовирање на граѓанското општество и локалните заедници, спроведува активности за промовирање на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи. и економски развој на територијата на Република Северна Македонија. Здружението работи на подобрување на вештините на младите и ги подготвува младите за пазарот на трудот, организира и спроведува семинари и работилници за наставници и студенти, развива едукативни програми, организира студиски патувања и други активности од областа на образованието, граѓанското општество, човековите права.
Здружението е активно вклучено во проекти за стручно образование. Во последните 7 години, здружението развива едукативни програми за наставници кои работат во мултикултурна средина.
Главните области на делување се образованието, човековите права, мултиетничкиот дијалог и граѓанското општество (вмрежување).
-Здружение Златна Рака - Тетово
-Женски Форум - Тетово
-Институт за развој на заедниците –ИРЗ-Тетово
- Занаетчиска комора - Скопје
- Хрватската занаетчиска комора - Загреб
-Женска Граѓанска иницијатива АНТИКО од Скопје
Бранка Марковиќ
7
2