Submission #276

Култура
Здружение за интердисциплинарни истражувања и практики во современата уметност СТУДИО ПРИВАТЕН ПРИНТ Скопје
www.privateprint.mk
info@privateprint.mk
078/539-738
Бул. „Партизански одреди“ 62/1-4 1000 Скопје
Студиото Приватен принт (PrivatePrint Studio) официјално е основано на 18.01.2018. Неофицијално функционира како изложбено и уметничко студио од 2016 година. Главните цели на студиото се насочени кон интердисциплинарни истражувања и практики во современата уметност и култура, со особено внимание на уметничката книга како современа уметничка практика согледана во поширок општествен и културен контекст. Активен ангажман на полето на независната култура на локално и меѓународно ниво, како и подигање на свесноста за новите медиуми и форми на израз во современата уметност, на македонската и на интернационалната сцена, се исто така дел од целите на студиото. Следствено се развиваат активности на архивирање со цел да се документираат, истражат и претстават вонинституционалните практики во современата уметност.
Активностите на студиото вклучуваат организација на изложби, публикации, презентации, мултимедијални настани и колаборативни проекти, како резултат на истражувачката и интердисциплинарната практика на студиото.
/
/
Марија Христова, претседател
/
/