Submission #98

Деца, млади и студенти
Младинска асоцијација ИМКА Битола
www.ymca.mk
contact@ymca.mk
070 594 341
ул. Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола
Нашата мисија е оспособување на младите луѓе и работа во насока на развој на нивниот вроден потенцијал преку обезбедување знаења и вештини, неопходни за младите да станат активни лидери во своите заедници. Ова го правиме преку искуствено образование кое промовира разноликост, како и развивање на академски и социјални вештини кај нив.

Ние работиме во полето на неформално образование за млади, нудење поддршка за младинско учество во процесите на донесување на одлуки, промовирање на младински активизам, волонтирање, здрави животни навики и градење на општество кои ги поттикнува позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе. Специфично нашиот делокруг на работа и придонес за заедницата е во две полиња:

Младинска работа (лидерство, личен развој, младинско учество, волонтерство, зелена агенда, ментално здравје, мировна едукација) и
Развој на заедницата (учество и придонес во изработка на закони, стратегии и политики за млади, младинска работа, младинско учество; како и за социјална одговорност, волонтерство, добротворство/филантропија, корпоративна општествена одговорност).

Тугедер Македонија; МКЦ Битола; Млади волонтери пожарникари Сфера, Битола; Форум на млади Битола.

Коалиција на младински организации СЕГА;
Сојуз за младинска работа (СМР).


Виктор Илиев
20
1