Submission #108

Лица со посебни потреби
Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА“
www.dajtenikrilja.mk
dajtenikrilja@yahoo.com
02/2457-704; 078/758-635
ул.Васко Карангелевски бр.33 1000 Скопје Општина Аеродром
Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА од Скопје е невладина, непрофитабилна организација, формирана со доброволно здружување на граѓани и е формирано за остварување на своите цели и задачи, едукација на сите возрасни нивоа за развивање на човековите вредности, следење и сервисирање на лицата со посебни потреби во подолг период, создавање на референтна база на податоци за лицата со посебни потреби, воведување на етаблирани методи и збогатување на понуди за третирање на одделни физички и ментални дисфункции во Република Македонија.
Други цели и задачи на Здружението се:
- креирање на листи на протокол за секоја поединечна категорија на болести, синдроми и слично, интерактивна страна за засегнатите и оние кои сакаат да добијат информации за проблемите со кои се соочуваат, нивните права над институциите, терапии, светски центри, авторитети и линкови со советници кои волонтерски би биле достапни, едукација и усовршување преку семинари, конгреси и трибини на стручни лица кои работат со деца и возрасни со посебни потреби, залагање за подобрување на квалитетот на живеење на лицата и промена на моделот на комуницирање во насока на подобар квалитет. Здружението во рамките на своите активности ќе организира семинари, конгреси и трибини на стручни лица кои работат со деца и возрасни со посебни потреби од областа на здравствената заштита, едукација и оспособување за работа на невработени и хендикепирани (семинари и курсеви од најразлични области со кои би им се помогнало на луѓето да обезбедуваат егзистенција);
- Организирање работилници и акции од хуманитарна природа (прибирање средства, организирање аукции, изложби и манифестации од чиј приход ќе се реализираат целите на Здружението);
- Акции за заштита на правата на оваа категорија на лица.
1. Здружение на граѓани РЕСУРСЕН ЦЕНТАР на родители на деца со посебни потреби;
2. Здружение на граѓани за третман на лицата со аутизам, АСХД и Аспергов синдром ВО МОЈОТ СВЕТ;
3. Граѓанска организација во Македонија и во регионот на Западен Балкан фокусирана на промовирање асистивна технологија како алатка за поттикнување инклузија на лицата со попреченост ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ;
4. ПОЛИО ПЛУС Движење против хендикеп;
5. Дневен центар ПОРАКА;
6. Здружение за дислексија Ајнштајн;
7. Здружение на професионални физиотерапевти на Република Македонија;
8. Здружение за лица со Даунов синдром Трисомија 21;
9. Здружение на граѓани за ретки болести
Живот со предизвици – Битола;
10. Здружение на граѓани Раст;
11. Сојуз на слепи лица;
12. Ромски едукативен центар РЕЦ Амбрела;
13. Друштво за обука на спасители на вода, школа за пливање, менаџирање и оддржување на базени Ројал аква менаџмент;
14. Здружение Хендикеп плус – Крива Паланка;
15. Х.Е.Р.А. Асоцијација за здравствена едукација и истражување,Скопје;
16. Центар за советување,специјална едукација и рехабилитација КРИК, Скопје;
17. Центар за Даунов Синдром.
Член на националната алијанса на ретки заболувања на Република Македонија.
Претседател - Ребека Јанковска Ристески
Родители - поддржувачи, како и професионалци - поддржувачи, кои повремено се вклучуваат во работата.
1 (Овој број е менлив, во зависност од тековните проекти)