Submission #145

Животна средина и природа
Центар за истражување и информирање за животна средина Еко-свест
www.ekosvest.org.mk
info@ekosvest.com.mk
02/3217-247
Ул. 11 Октомври 125/12, Скопје
Мисијата на Центарот за истражување и информирање Еко-свест е да информира и да промовира решенија за негативните влијанија врз животната средина во Македонија.
Центарот за истражување и информирање „Еко-свест“ постои со цел да внесе промени во навиките на граѓаните, да врши мониторинг на имплементација на легислативата, да лобира, да информира за состојбите на животната средина, да застапува и да промовира авангардни ставови кои водат кон одржлив развој.
Еко-свест работи на полето на енергијата и транспортот и прави врска помеѓу човековото здравје и животната средина. Во сите овие области делува преку свои проекти, кампањи и активности, насочени кон информирање на јавноста, подигнување на јавната свест за животната средина и за потребите таа да се зачува, истовремено вклучувајќи ги граѓаните во своите активности.
Како организација се заложува развојните проекти финансирани од јавни пари, вклучително и проектите на меѓународните финансиски институции да бидат сигурни по животната средина и по здравјето на луѓето.
CEE Bankwatch Network, South East Europe Development Watch, GENET, Inforse Europe,Kite, WECF (Women in Europe for Common Future),HEAL (Health and Environment Alliance), EEB (European Environmental Bureau.
Екосфера – еколошка платформа; ИПА механизам; Коалиција Натура 2000; Коалиција Екологијата – приоритет.
Ана Чоловиќ Лешоска
10
4