Submission #160

Лица со посебни потреби
Здружение на лица со телесен инвалидитет на Тетово и Гостивар – Мобилност Тетово и Гостивар
/
mobilnosttetovo@yahoo.com
078/492-521
Ул. Борис Кидрич бр. 66
Мобилност Тетово и Гостивар е општествено хуманитарна организација со над 740 членови, граѓани на Република Македонија кои поради одреден вид и степен на телесен инвалидитет имаат и одредени специфични потреби.
Мобилност Тетово и Гостивар е организација која се грижи за остварување на правата на своите членови.
Основни принципи на движењето се:
• Остварување на правата на лицата со телесен инвалидитет;
• Индивидуална автономија и независност на лицата со телесен инвалидитет;
• Недискриминација;
• Целосно и ефективно учество и вклучување во општествениот живот;
• Еднаквост на можностите;
• Пристапност.
Главни цели за 2017 година се:
• Подигање на сопствените материјални, кадровски и финансиски капацитети на делување;
• Собирање, обработка и анализа на податоци за состојбата на лицата со телесен инвалидитет во сите области на живеење;
• Јавно презентирање на тие податоци и состојби;
• Утврдување на мерки за остварување на целите и задачите;
• Иницирање, предлагање и укажување на надлежните органи и институции за потребата од преземање на законски, институционални и др. мерки за остварување на правата на лицата со телесен инвалидитет;
• Вклучување на ЗТИЛ Тетово во процесот на донесување на одлуки и мерки што се однесуваат на лицата со телесен инвалидитет;
• Подигање на јавната свест и кампањи.
-Сите останати 16 здруженија на Мобилност Македонија;
-Сите Национални инвалидски организации.
-Мобилност Македонија;
-НСИОМ.
1
25
1