Submission #292

Образование и наука
Здружение за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
www.euinstitute.eu
info@euinstitute.eu
075 228 078
ул. “9-ти Мај” бр. 42/10 О. Центар, Скопје
Здружението за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСTИТУТ Скопје во рамките на својата дејност промовира истражувачки проекти во областа на меѓународно право, политика, односи и дипломатија, проекти за промовирање европски вредности, проекти за промовирање на употребата на дипломатијата во решавање на актуелните проблеми, како и други најразлични образовно истражувачки проекти, а преку организирање на најразлични работилници, семинари, конгреси, трибини, анкети, организирање на образовно-едукативни настани, подигнување на нивото на дигитална комуникациска писменост преку дигитални канали и алатки, подигнување на општа комуникациска писменост на насление преку имплементирање на комуникациски вештини, невербална и вербална комуникација, имплементирање на финансиска писменост на население преку мудро управување со лични финансии и инвестициски фондови, деловен бон-тон, електронска-писмена комуникација, менаџирање, обуки за техники и развивање вештини за директна продажба итн.
Мотивацијата за основање на здружението е да помогнеме на граѓанскиот сектор да ги спознае сопствените потенцијали, да ја спознае својата самодоверба, мотивација и да излезе од својата зона на комфор од своите ментални препреки и ограничувања кои го спречуваат обичниот човек да биде поуспешен. Нашата тенденција е да бидеме позитивно влијателни при тоа постигнувајќи поголеми резултати во работата и животот.
Мисија на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е поттикнување на граѓански активизам и можност за личен раст и социјален развој.
Визија на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е да ги сплоти младите и возрасните преку личен раст и развој да придонесат во креирање на подобро општество.
Црвен Крст на РСМ
Верица Пандилоска Гичева
10
5