Submission #351

Животна средина и природа
Интердисциплинарна инженерска асоцијација ИДЕА ПЛУС Скопје
/
idea.skopje@gmail.com
070 307 543
ул. Боро Петрушевски бр.19-6
Начелата врз кои се темели работата на Асоцијацијата се независност, јавност и транспарентност, непрофитност, непартиско дејствување, иницијативи во јавниот живот, партиципација (учество), партнерство, толеранција, претприемништво, одржливост и еднакви можности. Основни цели на Асоцијацијата се:
- Поттикнување на интердисциплинарна соработка помеѓу инженери од различни инженерски области;
- Промоција на интердисциплинарното инжерество во општеството и промоција и на неговата важност како ефикасен пристап за решавање на бројни предизвици во инженерството;
- Подобрување на квалитетот на општеството од еколошки, економски, енергетски и социјален аспект преку изработка на интердисциплинарни инженерски проекти од суштинска важност и едукација на учениците, студентите и сите засегнати граѓани;
- Развивање на креативноста кај инженерите за изнаоѓање на решенија за недостатоците во општеството;
- Развивање на платформа преку која младите и идните инженери ќе можат да ги реализираат своите идеи и иновации;
- Пристапување и презентирање на актуелните проблеми во општеството од инженерски аспект и зајакнување на локалните заедници;
- Јакнење на волонтерските активности во организацијата и активно вклучување на средношколците и студентите во реализација на интердисциплинрарни инженерски проекти и активности;
- Поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и меѓународната соработка со институции и организации кои се занимаваат со иста и слична проблематика на национално и меѓународно ниво.
/
/
Димитар Димитров
5
0