Submission #363

Струкови здруженија
Здружение на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија
https://zfr.org.mk/
zfrljspv@t.mk
+389 43 230 623
ул. 8-ми Септември бр. 82-4 - Велес
Здружението на финансиски работници е невладина, непрофитна, професионална асоцијација која:
- Го зголемува професионализмот на вработените од областа на финансиското управување и контрола (ФУК) и внатрешната ревизија (ВР) кај ЕЛС, буџетите и буџетските корисници, ЈП и други субјекти од јавниот сектор.
- Обезбедува форум за ширење на информации, добри практики, знаење и искуства;
- Служи како претставник на интересите на ЕЛС, буџетите и буџетските корисници, ЈП и други субјекти од јавниот сектор во областа на финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија
- Гради широка мрежа на партнери и промовира соработка и добро владеење.
ВИЗИЈА
Национална асоцијација за обезбедување на обука, размена на информации, добри практики, знаења, искуства и развој во областа на ФУК и ВР во ЕЛС, буџетите и буџетските корисници, ЈП и други субјекти од јавниот сектор
Здружението опстојува од 1997 година и има остварено соработка со повеќе донатори, граѓански организации, единици на локалната самоуправа, јавни претпријатија, буџетски корисници и други субјекти. Примери за соработка со граѓански организациии меѓународни организации наведуваме подолу:
- UNDP;
- UN Women;
- УСАИД;
- ГТЗ ИПС;
- АЛДА –Европска асоцијација за локална демократија;
- Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС);
- Институтот за европска политика (ЕПИ);
- АЛДА Скопје, подружница на АЛДА -Европска асоцијација за локална демократија;
- Европско движење на Република Северна Македонија;
- Хелсиншки комитет за човекови права на Република Северна Македонија;
- НВО Радар;
- Набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Скопје;
- ФООМ (Фондација отворено општество Македонија).
Здружението членува во повеќе формални и неформални мрежи од земјата и странство. Дел од мрежите се наведени подолу:
Европска асоцијација за локална демократија – АЛДА
NISPAcee
Мрежа 23
Зоран Јанкуловски
313
8