Submission #207

Развој на граѓанското општество
Здружение за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје
www.cetplatform.org
macedonia@cetplatform.org
078/247-458
бул. Видое Смилевски Бато 35/2-20, 1000, Скопје
Здружението ЦЕТ платформа е доброволно, непрофитно и невладино здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, промоција и заштита на човековите права, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните и граѓанските вредности, зајакнување на меѓуетничките односи, афирмација на младите во општеството, промоција и заштита на медиумските слободи, права и стандарди и економски развој на територијата на Република Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законите.

ЦЕТ платформа е формирана во јануари 2016-та година од млади, мотивирани, компетентни и искусни младински работници, младински лидери, активисти и експерти од различни области кои се активни во граѓанскиот сектор и вклучени во младинска работа од 2008-ма година. ЦЕТ платформа Скопје е македонскиот огранок на CET platform мрежата која има преставништва во Србија, Хрватска, Црна гора, Словенија, Косово, Бугарија, Грција, Полска, Италија, Литванија и Босна и Херцеговина. Преку својата работа, ЦЕТ платформа се обидува да го стимулира личниот, професионален и општествен развој на младите, како и да поттикне нивно активно и одговорно учество во општествените, културни, политички, образовни и економски процеси.

ЦЕТ платформа е релативно младо здружение на граѓани, формирано во почетокот на 2016-та година, но досега има реализирано повеќе од 85 Еразмус+ проекти (младински размени, тренинг курсеви, семинари и конференции) на меѓународно ниво во соработка со организации од различни земји на кои се испратени повеќе од 350 млади луѓе, младински работници и преставници на граѓански организации од Македонија.
Здружение за општествена грижа и владеење на правото УРБАНО ОПШТЕСТВО Скопје, Здружение на граѓани за остварување и унапредување на човековите права „Единство на заедниците“
CET platform network - меѓународно ниво
Бојан Коцевски
15
0