Консултации за утврдување на приоритетите за финансиска поддршка на граѓанските организации во 2021 година

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на 26.тематска седница, одржана на 7.12.2020 г. разгледа предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации од предлог-буџетот на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година, предложени од граѓански организации преку членовите на Советот и заклучи дека е потребно да се обезбеди мислење по предлог-приоритетите и активностите од сите министерства и да се организира консултативен процес со граѓанскиот сектор.

Се повикуваат граѓанските организации активно да се вклучат во консултативниот процес и да достават свое мислење и предлози по Табелата со предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 г., најдоцна до 25.12.2020 година, на електронската пошта nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Мислење за приоритети за финансиска поддршка на ГО“.

Табела со предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 г.

 

Macedonian