Одржана 31. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 22 април 2021 година се одржа 31. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. На седницата Советот за три члена во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејно насилство од редот на здруженијата ги номинираше: Наташа Бошкова, Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје, Елизабета Божиноска, ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје и Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство Скопје. Советот на оваа седница ги разгледа Извештајот за реализација на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со Covid-19 кризата и предлог Јавениот повик за избор на пет претставници на граѓанскиот сектор во Работната група за изработка на измени и дополнување на Законот за здруженија и фондации и го задолжи Одделението за соработка со невладини организации да ги дополни, согласно дискусијата на седницата. Советот ја разгледа и утврди позитивно мислење по Предлог-Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор и го донесе Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, подготвени врз основа на експертската анализа и препораки од проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија.

 

Macedonian