Одржана Првата конститутивна седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 15.9.2021 година Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Првата (конститутивна) седница. Фани Каранфилова-Пановска од Фондацијата Отворено општество Македонија Скопје беше повторно избрана за претседателка на Советот, а Гордана Гапиќ-Димитровска од Министерството за информатичко општество и администрација за заменик на претседателката на Советот. Советот ги номинираше Данче Даниловска –Бајдевска од Фондација Отворено општество - Македонија Скопје, Лилјана Јоноски од Здружение Рурална Коалиција Куманово и Александар Кржаловски од Македонски центар за меѓународна соработка Скопје за претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации и го задолжи Одделението за соработка со невладини организации да побара номинација на член од Министерството за здравство и да го повтори јавниот повик за учество на уште два претставници на граѓанското општество во оваа работна група. За претставници на Советот во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации беа номинирани Никица Кусиникова од Здружение Конект Скопје и Андреј Сених од Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни Скопје. На оваа седница, Одделението за соработка со невладини организации ги информираше членовите на Советот за процесот на изработка на новата Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024, активностите на работната група и планираните следни чекори за консултација со граѓанските организации.

 

Macedonian