Усвоена Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024

На 130-та седница, одржана на 28.12.2021 година, Владата ја усвои Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2022-2024. Стратегијата е резултат на препознаената потреба за унапредување на механизмите за соработка со граѓанското општество, а мерките што се преземаат со оваа стратегија на институционално ниво се насочени, меѓу другото, и кон одржување на континуитетот во работата на независен, репрезентативен, оперативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и за подобрување на практиките за комуникација и соработка со граѓанските организации. Со цел унапредување на околината во која работи и се развива граѓанското општество, Советот ќе продолжи да биде двигател на реформата на системот на државно финансирање на граѓанските организации, воспоставувањето структурен дијалог со граѓанското општество и креирањето модел за учество на граѓанските организации во идната преговарачка ЕУ структура на земјата. Како дел од приоритетите во Стратегијата утврдени се унапредување на правната рамка за граѓанските организации; зајакнување на институционалната рамка и практиките на соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија, органите на државната управа и граѓанските организации, воспоставување даночна рамка којашто одговара на спецификите на работењето на граѓанските организации и го овозможува нивниот развој, како и унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации.

Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024

Акциски план за спроведување на Стратегијата 2022-2024

 

Macedonian