Приоритетна област 2. Демократизација, активно учество на граѓанскиоте организации во општествените процеси, во креирањето и следењето на политиките, со посебен фокус на процесот на интеграција во Европската Унија

Стратешка цел 5. Зголемување на вклученоста на граѓанските организации во процесот на креирање, спроведување, следење и оценување на политиките

Показател на влијание

Оперативна цел 9. Унапредување на процесот на консултации и учество на граѓанските организации во креирањето јавни политики

Показател на успешност

9.1. Трансформација на Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики во хоризонтален и задолжителен подзаконски акт за сите органи на државната управа

9.2. Изработка на модел за вклучување и избор на граѓанските организации во работните групи на органите на државната управа и тела воспоставени со стратешки документи

9.3. Унапредување на соработката со постојните ефективни тематски мрежи на граѓанските организации за структуриран дијалог во процесот на креирање, спроведување, следење и оценување на политиките

9.4. Спроведување на програма за обука за административните службеници за ефективно учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики

Оперативна цел 10. Ефективни консултации со засегнатите страни во процесот на проценка на влијанието на регулативата

Показател на успешност

10.1. Поттикнување на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) преку спроведување јавни кампањи за можностите за користење на ЕНЕР

10.2. Подобрување на квалитетот на подготовка на извештаите за проценка на влијанието на регулативата преку детално образложение на процесот на консултации

 

Стратешка цел 6. Зајакнување на партнерството во процесите поврзани со европската интеграција

Показател на влијание

Оперативна цел 11. Вклучување на граѓанските организации во процесот на преговори со Европската Унија

Показател на успешност

11.1. Усвојување на модел за учество на граѓанското општество во процесот на пристапни преговори со Европската Унија

11.2. Инфокампања за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори со ЕУ согласно усвоениот модел

11.3. Изработка на регистар на граѓански организации согласно овој модел кои што ќе бидат вклучени во процесот на пристапните преговори со Европската Унија

Оперативна цел 12. Унапредување на моделот за избор на претставници од граѓанското општество во секторските работни групи

Показател на успешност

12.1. Спроведување на широки консултации за конципирање на модел на избор на претставници од граѓанското општество во секторските работни групи

12.2. Подготовка на концепт за модел на избор на претставници од граѓанското општество во секторските групи

12.3. Измена и дополнување на Деловници за работа на секторските работни групи

12.4. Јавно и транспарентно објавување на повиците за избор на членови во секторските работни групи

12.5. Јавно објавување на записници и останати материјали и документи поврзани со работата на секторските работни групи

Оперативна цел 13. Поддршка за зголемување на опфатот на дигиталната трансформација на граѓанските организации

Показател на успешност

13.1. Мапирање и споделување на добри практики на дигитална трансформација на граѓанските организации

13.2. Зголемување на опфатот на дигитална трансформација на граѓанските организации

Оперативна цел 14. Развој на систем за следење на околината во која се развива граѓанското општество

Показател на успешност

14.1. Изработка на матрица со индикатори и механизми за прибирање на податоци

14.2. Редовно прибирање на податоци

14.3. Подготовка на годишен преглед на состојбите во граѓанското општество

Оперативна цел 15. Воспоставување превентивен механизам против говор на омраза

Показател на успешност

15.1. Воспоставување на сеопфатен едукативен превентивен механизам во основното и средното образование, во рамки на граѓанското образование, со цел прифаќање на различностите и рано надминување на предрасудите

15.2. Поддршка и спроведување на јавни кампањи за сензибилизација на јавноста за прифаќање на различностите, базирани на толеранција и почитување

15.3. Систематски обуки за вработените во Министерството за внатрешни работи во делот на говор на омраза и криминалитет од омраза, нивна проактивна улога во делот на следењето на говорот на омраза на социјалните медиуми и навремена реакција и пријавување на ваквите дела

 

Стратешка цел 7.Унапредување на правната рамка за правото на мирно собирање и непосредно учество на граѓаните во одлучувањето

Показател на влијание

Оперативна цел 16. Обезбедување правна рамка за правото на мирно собирање во согласност со меѓународните стандарди и нејзина ефективна имплементација

Показател на успешност

16.1. Спроведување консултации за потребата од ревизија на законската рамка која го засега правото на собир и унапредување на надворешните механизми за независен надзор врз полицијата

16.2. Формирање на работна група за изработка на измени на Законот за јавни собири, Законот за полиција и Законот за јавен ред и мир, како и на другата легислатива применлива за оваа проблематика

16.3. Креирање подзаконски акти за почитување на човековите права, особено за пречекорување на овластувањата и примена на прекумерна сила

Оперативна цел 17. Унапредување на законската рамка која се однесува на непосредно учество на граѓаните во одлучувањето

Показател на успешност

17.1. Отворање на консултативен процес за потребата од унапредување на законската рамка која се однесува на непосредното учество на граѓаните во одлучувањето

17.2.Формирање на работната група за подготовка на нов/измени на Закон за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните

17.3. Евалуација и доколку е потребно, ревидирање на Законот за локална самоуправа, со цел да се обезбедат дополнителни механизми за непосредна демократија

17.4. Усвојување на законските решенија

17.5. Усогласување со други релевантни закони (Изборниот законик)

17.6. Обезбедување можност подрачните канцеларии на Државната изборна комисија да собираат потписи за (локален) референдум и на јавни простори (на пример: плоштади)

 

 

Undefined