Одржани индивидуални состаноци со членови на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество

Во текот на декември 2022 година и јануари 2023 година, Одделението за соработка со невладини организации организираше индивидуални состаноци со членовите на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество од Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Министерството за локална самоуправа. Целта на состаноците беше информирање за статусот на реализација на мерките од Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план (2022-2024), во 2022 година. Присутните постигнаа согласност за податоците и индикаторите што треба да бидат обезбедени со цел да се идентификуваат следните чекори кои треба да бидат преземени за одржување на Работилница за следење и известување за спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024. Воедно, беше разговарано за новините во процесот на подготовка на годишниот извештај за спроведување на Стратегијата, согласно Упатството за структурата, содржината и начинот на подготвување, спроведување, следење, известување и оценување на секторските и мултисекторските стратегии („Службен весник на РСМ“ бр.122/22).

    

 

Macedonian