Jump to Navigation

Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладините организации

 

Почитувани посетители,

 

Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата. Одделението е формирано како резултат на заложбите на Владата за институционализирање на соработката, промовирање, поддршка и унапредување на партнерските односи со граѓанскиот сектор.

Одделението е надлежно да го следи и координира спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и разој на граѓанскиот сектор, се грижи за унапредување на соработката на Владата со граѓанскиот сектор, преку вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање политики и создавање услови за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор, врши стручно-административна поддршка на работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации и на Комисијата за организации со статус од јавен интерес.

Во соработката со граѓанскиот сектор, Одделението ги почитува принципите на взаемна доверба, партнерство, независност, плурализам, учество, транспарентност, одговорност, еднакви можности и недискриминација.

Информација за финансиска поддршка на здруженија и фондации во 2018 и планирани средства во 2019 година

Владата на Република Северна Македонија на 130. седница, одржана на 16.4.2019 година ја усвои Информацијата за финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија во 2018 година и планирани средства во 2019 година.

Извештај за спроведените мерки и активности од Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор (2018 – 2020), во 2018 година

Владата на Република Северна Македонија на 128-та седница, одржана на 1.4.2019 година го разгледа Извештајот за спроведените мерки и активности од Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор (2018 – 2020), во 2018 година. 

Прашања и одговори во врска со Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2019 година

Одговорите на прашањата за појаснување на Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2019 година, кои пристигнаа на e-mail адресата nvosorabotka@gs.gov.mk до 21.02.2019 година, можете да ги најдете во прилог.

Прашања и одговори во врска со Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2019 година

Објавен Извештај од анкетата за идентификација на мрежите на граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар, на иницијатива на Одделението за соработка со невладини организации, како дел од активноста за поддршка на работата на државните институции релевантни за развој на граѓанските организации, спроведе онлајн-анкета за мапирање на мрежи на граѓански организации, во која учествуваа 113 организации.

Анкетата имаше за цел идентификување на мрежите, коалициите и други здружувања на граѓански организации, како и директен придонес кон спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 и активно вклучување на тематските мрежи на граѓански организации во работни групи за изработка на прописи и стратешки документи на Владата и органите на државната управа.

Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации


Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат распишува Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2019 година, во вкупен износ од 12.000.000,00 денари, кои ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, преку 20 грантови во износ од 600.000,00 денари за програми/проекти во осум приоритетни области. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 5.3.2019 година.

Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Пријава за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Предлог-Проект

Одржана дебата Стратегијата креатор на овозможувачко опкружување за граѓанските организации

На 24-ти јануари, се одржа дебата на тема „Стратегијата креатор на овозможувачко опкружување за граѓанските организации“, организирана во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, а во соработка со Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат.  

Целта на дебатата беше презентирање на Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 и динамиката на нејзино спроведување, улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор при спроведувањето на Стратегијата, како и поддршката што ја дава Европската Унија во развојот на граѓанското општество.

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS


 

    Одделение за соработка со невладини организации

    на Генералниот секретаријат на Владата

 

    Бул: Илинден бр.2

   1000 Скопје, Република Северна Македонија

   Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

 

    nvosorabotka@gs.gov.mk

 

 

 

 

 

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

by Dr. Radut