Jump to Navigation

Одржана работилница за следење на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020

На 16 и 17 мај 2018 година, во Клубот на органите на управата во Скопје, се одржа работилница наменета за градење на капацитетите на членовите на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор. 

Работилницата беше посветена на теоретските и практичните модели за следење на спроведувањето на Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со и Акциски план 2018-2020. Обуката беше заснована на хрватскиот пример за добри практики, процедури, барања и рокови во процесот на следење, при што беа земени предвид и домашните специфики. Членовите на Мрежата зедоа активно учество и работилницата се одвиваше интерактивно.

Одржани консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – Одделение за соработка со невладини организации, организираше консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020,  со цел граѓанските организации со свои предлози и идеи да придонесат кон донесувањето на новата Стратегија, како една од клучните мерки што се однесуваат на граѓанското општество од Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија.

Јавен оглас за номинација на член во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија

Владата на Република Македонија, заради спроведување на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија, објави оглас за номинација на еден член во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија, од граѓански организации кои работат во областа на лица со попреченост. Рокот за доставување на потребната документација е 30.4.2018 година.

Оглас

Консултативни средби за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат организира консултативни средби со граѓанскиот сектор за Предлог-Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020, што ќе се одржат во Скопје на 16.4.2018 година (понеделник), од 12:00 до 15:00 часот, во Клубот на органите на управата (бул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.45) и во Битола на 19.4.2018 година (четврток) од 11:00 до 14:00 часот во Салата за седници на Советот на општина Битола (бул.1ви Мај бр.61).

Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес

 

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија распишува Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес, од организации регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации. Кандидатите предложени од организациите треба да имаат експертиза од областа на граѓанскиот сектор и познавање на националното законодавство поврзано со некоја од областите определени како дејности од јавен интерес во член 74 од Законот за здруженија и фондации. Рокот за пријавување на кандидатите е 5 април 2018 година.

Оглас

 

Одржани состаноци на работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020

На 14 и 15 март 2018 година, во просториите на Клубот на органите на управата  во Скопје, се одржаа работни состаноци за подготовка на  новата Стратегија на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020.

Промоција на почетокот на проектот „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор”

На 13 март 2018 година, во просториите на ЕУ Информативниот центар во Скопје беше промовиран почетокот на брзиот твининг проект „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор”, финансиран од Европската унија. Проектот го спроведува Владата на Република Хрватска - Канцеларија за соработка со НВОи, Агенцијата за централно финансирање и склучување договори и Министерството за финансии на Република Хрватска.

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS


Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

by Dr. Radut