Повик за учество во тематски работни групи за подготовка на новата Стратегијата за РЈА (2023-2030)

Министерството за информатичко општество и администрација упати повик до граѓанските организации за учество во тематски работни групи за подготовка на новата Стратегија за РЈА (2023-2030).  Повикот е објавен на https://mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/rja/povik.pdf

Macedonian

Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Предлог измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации

Министерството за правда ги известува граѓанските организации дека започна со спроведување на процес за подготовка на Предлог измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации.

Со цел овозможување директно и суштинско учество на граѓанските организации во сите фази од процесите за подготовка на Предлог измените, а согласно начелата на транспарентност и отвореност, Министерството за правда ги повикува граѓанските организации да достават свои предлози за измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации. 

Предлозите треба да ги содржат следните податоци: име и презиме на авторот на документот или предлогот, односно име и адреса на организацијата или институцијата, контакт податоци и опис на предлогот со образложение за причините поради кои се предлага измена и/или дополнување.

Предлозите можете да ги доставите до Министерството за правда на bpps@mjustice.gov.mk.

Macedonian

Одржана 6. (тематска) седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 06.04.2022 година се одржа шестата (тематска) седница на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество, посветена на обезбедување социјална и здравствена заштита на национално и локално ниво од страна на граѓанските организации. Покрај членовите на Советот, на седницата беа поканети и учествуваа и претставници на граѓански организации активни во оваа област. Тематската седница се одржа на иницијатива на членовите на Советот од редот на граѓанските организации во областите: Социјална заштита и заштита на деца, Заштита на маргинализираните лица и Заштита на здравјето, врз основа на мапирањето на ова прашање во Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2022-2024 и новиот Закон за социјална заштита. Информацијата за состојбите во однос на обезбедувањето на социјална и здравствена заштита од страна на граѓанските организации, што Советот по одржува на седницата ја достави до Владата на Република Северна Македонија, претставува вовед во анализата на состојбите и иницијална каписла за системско и планско решавање на отворените прашања во оваа област.

Macedonian

Повик на УНЕСКО за доделување грантови за млади истражувачи на „Патот на свилата“

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за Повикот на УНЕСКО за поднесување апликации на млади истражувачи како дел од програмата „Патот на свилата“, која води кон подобро разбирање на богатата историја, наследството и  духот на „Патот на свилата“.

УНЕСКО, со поддршка од Националната комисија за УНЕСКО на Народна Република Кина, започна иницијатива за доделување грантови за млади истражувачи во рамките на оваа програма во 2021 година.

Преку оваа иницијатива, која има цел да мобилизира млади истражувачи на наследството на „Патот на свилата“, УНЕСКО доделува 12 гранта на млади до 35-годишна возраст. Теми на истражувањето ќе бидат споделеното наследство и различните идентитети на „Патот на свилата“, како и неговата разноликост и потенцијалот во современите општества за креативност, интеркултурен дијалог, социјална кохезија, регионална и меѓународна соработка и одржлив мир и развој.  

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS