Одржана дебата Стратегијата креатор на овозможувачко опкружување за граѓанските организации

На 24-ти јануари, се одржа дебата на тема „Стратегијата креатор на овозможувачко опкружување за граѓанските организации“, организирана во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, а во соработка со Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат.  

Целта на дебатата беше презентирање на Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 и динамиката на нејзино спроведување, улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор при спроведувањето на Стратегијата, како и поддршката што ја дава Европската Унија во развојот на граѓанското општество.

Во панел дискусијата учествуваа Сузана Никодијевиќ-Филиповска од Генералниот секретаријат, која ги презентираше целите на Стратегијата и активностите што се реализирани во 2018 година, Фани Каранфилова-Пановска од Фондацијата отворено општество Македонија и Гордана Гапиќ-Димитровска од Министерството за информатичко општество и администрација, кои се осврнаа на улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор и предизвиците на Стратегијата и Ирена Иванова од Делегацијата на ЕУ која информираше за финансиската поддршката од Европската Унија за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество и потребата од синергија на проектите што се спроведуваат од граѓанските организации со мерките од Стратегијата.
 

  

   

Macedonian