Тркалезна маса на тема „Вршење стопански дејности од страна на здруженија и фондации – Можности и предизвици во законското уредување“
Primary tabs
На 28,11.2025 година, во Граѓанскиот ресурсен центар Скопје, во организација на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, се одржа тркалезна маса на тема „Вршење стопански дејности од страна на здруженија и фондации – Можности и предизвици во законското уредување“. Настанот се организира во рамки на тековниот процес за измени и дополнување на Законот за здруженија и фондации, кој го води Министерството за правда. Едно од прашањата кои се разгледуваат во овој процес е и правното уредување на стопанските дејности што ги спроведуваат здруженијата и фондациите, вклучително и опсегот на дозволените дејности, можните ограничувања и транспарентноста. На настанот беа презентирани и дискутирани споредбени европски модели кои можат да придонесат кон балансиран пристап на уредување и поддршка на одржливоста на граѓанскиот сектор. Заклучоците и препораките од оваа тркалезна маса ќе ѝ помогнат на работната група да подготви измени на Законот за здруженија и фондации што ќе ги одразуваат потребите на сите засегнати страни и ќе поддржат одржливост, отчетност и фер конкуренција.
















