Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за објавениот повик од страна на УНЕСКО до државите членки за поднесување предлог-проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за периодот 2026 - 2027 година
Primary tabs

Врз основа на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2026-2027 година и Резолуциите 39 Ц/61 и 43 Ц/5 усвоени на Генералните конференции на УНЕСКО, се повикуваат државите членки, преку своите национални комисии за УНЕСКО, да поднесат до УНЕСКО најмногу 7 предлог-проекти од некоја од програмските области на УНЕСКО: образование, природни науки, општествени и хуманистички науки, култура, комуникации и информации и статистика, при што се препорачува да се обезбеди родова еднаквост и застапеност на младите. Рокот за доставување на проектите е најдоцна до 27 февруари 2026 година.
Услови за аплицирање
Носител на проектот: Правно лице кое може да обезбеди квалитетна имплементација на проектот.
Рамка и цели на проектот: Проектот треба да биде во согласност со усвоените приоритети на УНЕСКО за програмските области: образование, природни науки, општествени и хуманистички науки, култура, комуникации и информации и статистика содржани во документот 43 C/5 Outputs -https://www.unesco.org/sites/default/files/medias/fichiers/2025/12/PP202....
Ниво на проекти и буџет: На национално ниво – проекти со финансиска поддршка до 26 000 американски долари, на субрегионално и интеррегионално ниво – проекти со финансиска поддршка до 28 000 американски долари и на регионално ниво – проекти со финансиска поддршка до 38 000 американски долари.
Рок за реализација на одобрените проекти: 31.12.2027 година
Напомнуваме дека за проектите на регионално, субрегионално и интеррегионално ниво, со посредство на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, потребно е да се обезбедат од 2 до 3 писма за поддршка од другите држави. Со цел Националната комисија за УНЕСКО да ги достави предлог-проектите во согласност со предвидениот краен рок, потребно е правните лица да ги достават пополнетите формулари на англиски јазик, како и на македонски јазик, до Националната комисија за УНЕСКО најдоцна до 10 февруари 2026 година. Освен во хартиена форма, предлог-проектите треба да се достават и во електронска форма, на електронските адреси наведени во овој повик, со цел тие да бидат поднесени од страна на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија преку онлајн платформата на УНЕСКО.
Напомнуваме дека нема да бидат разгледувани предлог-проектите доставени по истекот на рокот, 10 февруари 2026 година, како и оние што нема да бидат целосно пополнети.
Подетални информации зa Програмата за партиципација на УНЕСКО за периодот 2026 – 2027 година и постапката за поднесување на предлог-проектите заедно со формуларите може да се добијат и да се преземат од следниве линкови: https://www.unesco.org/en/member-states-portal/participation-programme. Програма за партиципација на УНЕСКО 2026-2027 - Анекси.docx
Адреса за доставување на предлог-проектите по пошта и по електронски пат:
Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија
– Национална комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија
ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61
1000 Скопје
Електронски адреси:
t.kraljevska@kultura.gov.mk и vesna.kamceva@kultura.gov.mk
Контакт телефон: 02/3240 591
















