|
|
Почетна
|
Одделението за соработка со невладините организации, е во состав на Секторот за анализа на политики и координација во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија. Одделението е формирано во ноември 2004 година, како резултат на заложбите на Владата за институционализирање на соработката со граѓанскиот сектор.
Неговото основање значи дефинирање јасна политика на Владата за развој и континуирана соработка со граѓанскиот сектор, за градење на доверба и партнерски однос.
Преку Одделението се овозможува унапредување на соработката меѓу Владата и органите на државната управа со граѓанскиот сектор, за идно негување сеопфатни и поквалитетни односи меѓу државата и граѓанскиот сектор во функција на целокупниот прогрес на македонското општетство. Владата преку Одделението создаде предуслов за оспособување на државната администрација преку конкретни насоки да ја препознае улогата на граѓанскиот сектор и да го овозможи активното вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на креирање на политики.
Основна цел на Одделението за соработка со невладините организации е координирање на спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор и Акцискиот план за спроведување (2007 - 2011), воспоставување доверба и развој на институционалната соработка помеѓу Владата и граѓанските организации. Се очекува дека тоа ќе резултира со нова рамка за развој на современото граѓанско општество во Македонија и истовремено ќе се стимулира демократизација и модернизација во сите сегменти на општеството
Одделението претставува постојано и координативно тело како систем за добра соработка на Владата и граѓанскиот сектор.
Во спроведувањето на своите надлежности Одделението за соработка на Владата со граѓанските организации работи врз основа на принципите на заедничка доверба, партнерство, транспарентност, независност и одговорност.
Почитувани,
ГТЗ во соработка со Секретаријатот за европски прашања (СЕП) при Владата на
Република Македонија, согласно проектните цели за зајакнување на вклученоста на граѓанското општество во процесот на приближувањето и промоција на Република Македонија кон Европската унија, објавува Јавен повик за поддршка на проекти во областа на европската интеграција за невладини организации од Република Македонија на тема: “Кои се придобивките на ЕУ од идното членство на РМ”.
Образецот за пријавување може да го најдете во документи
Документацијата треба да се достави на e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
со назнака: REF: EU-NGO Projects 2009
Рокот за поднесување на документацијата е 26.06.2009 година до 16:00 часот.
|
|
|