Извештај за пријавени организации со кандидати и Jавен повик за гласање за избор на член на Советот за областа Родова еднаквост

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областa Родова еднаквост, објавен на 10.1.2022 година и Јавен повик до организациите да го дадат својот глас само за еден од кандидатите. Секоја активна организација регистрирана во Централниот регистар и со област на дејствување Родова еднаквост, може да гласа само за еден кандидат, освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, до 15.2.2022 година. Во прилог на образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар (како потврда дека областа на дејствување на организацијата е Родова еднаквост).

Извештај со јавен повик за гласање мк

Извештај со јавен повик за гласање ал

Образец за гласање

Macedonian

Jавен повик за избор на член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во областа Родова еднаквост

Генералниот секретаријат на Владата објавува Jавен повик за избор на член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областа Родова еднаквост.  Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Влада на Република Северна Македонија, Генерален секретаријат, Одделение за соработка со невладини организации, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје, со назнака: „Пријава за избор на член на Советот“ или да се достави лично во архивата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат, од 8:30 до 15:30 часот. Рокот за поднесување на пријавите е до 24 јануари 2022 година.

 

Јавен повик

Пријава

 

Macedonian

Усвоена Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024

На 130-та седница, одржана на 28.12.2021 година, Владата ја усвои Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2022-2024. Стратегијата е резултат на препознаената потреба за унапредување на механизмите за соработка со граѓанското општество, а мерките што се преземаат со оваа стратегија на институционално ниво се насочени, меѓу другото, и кон одржување на континуитетот во работата на независен, репрезентативен, оперативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и за подобрување на практиките за комуникација и соработка со граѓанските организации. Со цел унапредување на околината во која работи и се развива граѓанското општество, Советот ќе продолжи да биде двигател на реформата на системот на државно финансирање на граѓанските организации, воспоставувањето структурен дијалог со граѓанското општество и креирањето модел за учество на граѓанските организации во идната преговарачка ЕУ структура на земјата. Како дел од приоритетите во Стратегијата утврдени се унапредување на правната рамка за граѓанските организации; зајакнување на институционалната рамка и практиките на соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија, органите на државната управа и граѓанските организации, воспоставување даночна рамка којашто одговара на спецификите на работењето на граѓанските организации и го овозможува нивниот развој, како и унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации.

Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024

Акциски план за спроведување на Стратегијата 2022-2024

 

Macedonian

Одржана 3. седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 24.12.2021 година се одржа Третата седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. На оваа седница, Советот ја разгледа и донесе Програмата за работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за 2022 година. Советот утврди позитивно мислење по Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година, подготвена од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат и препорача Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците да ја следи добрата практика на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за транспарентен процес на распределба на средствата наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите. Советот констатира престанок на учество во работата на Татјана Стоименовска, член на Советот од областа Родова еднаквост, на лично барање. На барање на Министерството за образование и наука, Советот ги номинираше Димитар Низамовски, член на Советот од областа Образование, наука и доживотно учење и Далиборка Златева, член на Советот од областа Заштита на маргинализираните лица, за член и заменик-член во Управувачкиот одбор на проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ NEAR/SKP/2021/EA-RP/0053.

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS