Јавен повик до невладини организации во Република Северна Македонија кои работат во областа за спречување на корупцијата и криминалот

Борбата против корупцијата и криминалот е еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Со цел креирање на ефикасни мерки и политики а  во интерес на отвореноста на Владата на Република Северна Македонија кон граѓанското општество од особено значење е придонесот од невладините организации, кои работат во областа на спречување на корупција и криминал. За таа цел се потребни предлози и идеи кои би се инкорпорирале во Планот на Владата за борбата против корупцијата и криминалот.

Доставените предлози треба да содржат

  • Конкретни препораки и образложение за истите
  • Конкретни активности за спроведување на препораките
  • Надлежни инситуции за спроведување на активностите
  • Предлог рок за исполнување на активностите

Предлози треба да се достават на следната е-пошта: infozpvrsmnikolovski@gs.gov.mk најдоцна до 26.11.2021 година (петок) до 12 часот.

 

Macedonian

Четврти повик за финансирање на предлог-проекти преку Фондот Западен Балкан

Фондот Западен Балкан објави нов повик за финансирање на проекти и започна процесот за аплицирање за заинтересирани субјекти. Ова е четврти повик од основањето на Фондот, но прв повик кој има поддршка од Европската Унија. Овој Повик е отворен до 23 декември 2021 година.

Примарни корисници се граѓанските организации, но потенцијалните грантисти ги вклучува здруженија, фондации, непрофитни организации, регионални мрежи, локални и регионални јавни субјекти или деловни здруженија.

Фондот Западен Балкан е меѓународна организација основана од Министерствата за надворешни работи на 6 земји од Западен Балкан и е регионален механизам на соработка. Преку поддршката на регионалните проекти, Фондот Западен Балкан директно придонесува за подобрување на поблиската соработка во Регионот.

Апликациите може да се поднесуваат преку системот за аплицирање кој се наоѓа на официјалната веб-страна на Фондот. Повеќе информации и детали може да добиете на следните линкови:

http://westernbalkansfund.org/2021/11/08/4th-call-for-proposals-is-finally-open/

https://wbfportal.org/Guidelines_for_Applicants.pdf

https://wbfportal.org/applicant/

 

Macedonian

Одржан состанок со Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество

На 12.11.2021 година се одржа состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество. Целта на состанокот беше да се разгледаат предлозите од граѓанските организации по Нацрт-Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024, доставени во текот на консултативниот процес спроведен од 22.10 до 10.11.2021 година преку www.nvosorabotka.gov.mkи www.ener.gov.mk. Предлозите на граѓанските организации, заедно со одговорите, се содржани во следната табела.

 

Macedonian

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува Јавен повик за мерката Практиканство за вклучување на корисници на гарантирана минимална помош

Дали сте граѓанска организација која има потреба од дополнителна работна сила? Дали сакате да им помогнете на лицата корисници на гарантирана минимална парична помош да се вклучат на пазарот на трудот и преку практиканство ги подобрат своите вештини и знаења за понатамошно вработување ?

Ако одговорот е - ДА , активната мерка 5. Практиканство (ИПА) е соодветна за Вас.

Јавниот оглас за мерка 5. Практиканство (ИПА) е објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г .

Огласот е наменет за работодавачи, односно граѓански организации кои сакаат да ангажираат практиканти, како и за лица корисници на гарантирана минимална помош, а се регистрирани како невработени во АВРСМ.

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS