Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година

 

Во насока на продолжување на транспарентен и целосно инклузивен дијалог со граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија - Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11). Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година. Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што е даден во прилог и што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.9.2021 година, со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2022.

Образец на Иницијатива за ГПВРСМ 2022

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

 

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областите: Заштита на животната средина и ЕУ интеграции и политики.

 

Macedonian

Назначени членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

 

Врз основа на член 36 став 6 од Законот за Владата на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија “ бр. 59/2000, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/2010, 51/2011, 15/2013, 139/2014 и 196/2015), член 1 и член 3 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 98/16, 164/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 97/19 и 116/2021) Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 30 јули 2021 година, донесе Решение за назначување членови на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Macedonian

Одржан состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2021-2024

Во рамки на консултативниот процес со граѓанските организации за изработка на новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество,  на 29.7.2021 година се одржа online состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2021-2024.

Во периодот 26 април – 26 мај 2021 година, Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата, на веб страницата www.nvosorabotka.gov.mk ги повика сите заинтересирани граѓански организации активно да се вклучат со свои предлози за мерки и активности што сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за соработка со граѓанското општество во наредниот тригодишен период. Пристигнатите иницијативи од 13 граѓански организации беа систематизирани во три приоритетни области: Нормативна, институционална и финансиска рамка за развој на граѓанското општество, Демократизација, активно учество на граѓанското општество во општествените процеси, во креирањето и следењето на политиките, со посебен фокус на процесот на интеграција во Европската Унија и Граѓанското општество како чинител во социјално-економскиот развој.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS