Thirrje publike për pjesëmarrjen e organizatave të shoqërisë civile në zhvillimin e Strategjisë Kombëtare për Mbrojtje dhe Shpëtim

Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со Светска Банка, започна проект – Техничка помош за зајакнување на системот за управување со катастрофи на Северна Македонија, за преглед и ажурирање на Националната Стратегија за заштита и спасување од 2014 година и преглед на клучните придружни национални планови и документи за проценка, со користење на модифициран пристап за решавање на предизвиците од пандемијата со Ковид-19.

Се повикуваат здруженијата и фондациите кои што со своето знаење и искуство можат да придонесат во развивање на Националната Стратегија за заштита и спасување, да се пријават за учество во активностите на проектот преку online работни состаноци. Пријавувањето се врши до 31.12.2020 година на адреса valentina.atanasovska@dzs.gov.mk. Кон пријавата потребно е да се достави профил на организацијата со податоци за претставникот.

Albanian