Këshilli - urë lidhëse ndërmjet organizatave të shoqërisë civile dhe Qeverisë
Primary tabs
На 30 март 2021 година, на платформата ЗООМ, Граѓанскиот ресурсен центар одржа онлајн настан “Советот – мост меѓу граѓанските организации и Владата”.
Целта на настанот беше да се информираат граѓанските организации за улогата и важноста на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, досегашното работење на Советот како и да се мотивираат и поттикнат здруженијата и фондациите организирано да пристапат кон изборот за нови членови.
На настанот се обратија претседателката на Советот, Фани Каранфилова-Пановска која зборуваше за улогата на Советот, важноста на учеството на организациите во Советот како и за работењето на Советот во претходните три години.
За комуникацијата, консултирањето, вклучувањето и претставувањето на граѓанскиот сектор во Советот зборуваше Сабина Факиќ, член на Советот, а свое обраќање имаше и Ирена Иванова од Делегацијата на Европска Унија.
Претставувањето на повикот за избор на членови на Советот и процесот на избор на нови членови го презентираше Сузана Никодијевиќ-Филиповска од Одделението за соработка со невладини организации, Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.