Јавен повик за избор на претставници на здруженија и фондации во советодавни и работни тела на Владата и органите на државна управа

Врз основа на член 2 став 1 алинеја 11 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и заклучоците од Конститутивната седница одржана на 7 април 2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество објавува Јавен повик за избор на:

  • тројца претставници на здруженија, од кои најмалку еден претставник на здруженија од областа на заштита на маргинализираните лица, за членови на Националниот совет за развој;
  • двајца претставници на здруженија кои најмалку 10 години спроведуваат активности од областа на превенцијата и борба против корупцијата, за член и заменик член на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата;
  • еден претставник на здружение или фондација, кој има завршено високо образование и има најмалку пет години работно искуство во секторот/дејноста Уметност, од кои две години во областа на доживотното учење и квалификации, за член на Секторската комисија за уметност, согласно член 18 од Законот за националната рамка на квалификации;
  • двајца претставници на здруженија или фондации за членови на Секторската работна група за локален и регионален развој и
  • двајца претставници на здруженија или фондации од областа на социјална заштита, за член и заменик член во Управниот одбор на проектот „Поддршка на системот за обезбедување на квалитет на социјалните услуги“ (EC-NEAR/SKP/2024/EA-RP/0009) финансиран од Европската унија.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 25 април 2025 година.

Јавен повик

Образец на пријава

Macedonian

Конститутивна седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 7 април 2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество одржа конститутивна седница, на која поздравно обраќање имаа генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев и заменикот на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Генералниот секретар ја потенцираше посветеноста на Владата односите со граѓанските организации да ги гради врз основа на принципите на инклузивност и партиципативно планирање, сигурност и одговорност, отвореност и транспарентност, како неопходни инструменти за градење на еднаквост пред законот и одговорност на носителите на одлуки.“Во соработка и партнерство со граѓанските организации, со ефикасна и транспарентна работа на седниците на Советот, заедно ќе ја градиме државата како просперитетна, праведна и динамична демократија”, истакна Јанушев.

Macedonian

Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање за избор на член и заменик член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во областа Заштита на маргинализирани лица

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанскиот општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на член и заменик член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите во областа Заштита на маргинализираните лица (објавен на 6.3.2025 година) и Јавен повик до сите активни организации кои дејствуваат во областа Заштита на маргинализираните лица, согласно нивниот статут, да го дадат својот глас за еден од кандидатите. Гласањето се врши со пополнување на Образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, до 11.4.2025 година.

Во прилог на образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар. Гласањето се смета за успешно ако за кандидатот гласале најмалку пет организации.

Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање (со вклучена биографија и мотивациско писмо на кандидатите)

Образец за гласање

Macedonian

Одржан првиот состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025-2028

На 14.3.2025 година, во просториите на Генералниот секретаријат, се одржа првиот состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025-2028, на кој учествуваа претставници на ресорните министерства и на граѓанските организации кои во текот на консултативниот процес, спроведен во ноември 2024 година преку www.nvosorabotka.gov.mk, доставија предлог мерки и активности што сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за соработка со граѓанското општество во наредниот четиригодишен период. Согласно Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2024-2028, визија на новата Стратегија 2025-2028 ќе биде поддршка на инклузивен, независен и професионален граѓански сектор, кој е партнер на институциите во креирањето и реализацијата на стратешките цели на државата, а мерките и активностите ќе бидат систематизирани во две приоритетни области: Создавање на поволна средина за граѓанските организации да ги спроведуваат своите активности и Зајакната соработка и партнерство меѓу граѓанските организации и јавните институции.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS