Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладините организации

 

Почитувани посетители,

 

Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата. Одделението е формирано како резултат на заложбите на Владата на Република Северна Македонија за институционализирање на соработката, промовирање, поддршка и унапредување на партнерските односи со граѓанскиот сектор.

Одделението е надлежно да го следи и координира спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, се грижи за унапредување на соработката на Владата со граѓанскиот сектор, преку вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање политики и создавање услови за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор, врши стручно-административна поддршка на работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации и на Комисијата за организации со статус од јавен интерес.

Во соработката со граѓанскиот сектор, Одделението ги почитува принципите на взаемна доверба, партнерство, независност, плурализам, учество, транспарентност, одговорност, еднакви можности и недискриминација.

Продолжен рокот на Јавниот повик за учество на претставници на граѓанскиот сектор во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка ИПА 3 (2021-2027)

Рокот за поднесување на пријави по Јавниот повик за учество на претставници на граѓанскиот сектор во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамките на ИПА 3 (2021-2027) се продолжува до 10 септември 2020 година. Кандидатите за претставници на граѓанскиот сектор потребно е да имаат професионални компетенции и граѓанска активност во областа на: заштита на животната средина, климатските промени, спречување и управување со ризик, туризам, култура и природно наследство, зајакнување на конкурентноста, развојот на бизнисот и малите и средни претпријатија, трговијата и инвестициите, а организациите што ги предлагаат во статутот на имаат утврдени дејности и цели во овие области.

Јавен повик за учество на претставници на граѓанскиот сектор во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027) 

Пријава за кандидат за претставник на граѓанскиот сектор во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027)

Undefined

Информација за јавноста по повод учеството на членовите на Советот во работата на Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата

Имајќи ја предвид дискусијата иницирана од распределбата на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 год. за мерки за справување со КОВИД-19 кризата, Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор би сакал да ја информира јавноста за текот на овој важен процес.

На 22-та онлајн седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор (натаму Советот) одржана на 19.06.2020 год. беше усвоен „Извештај за учеството на членовите на Советот во работата на Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата“ (натаму Извештајот). Советот го оцени процесот како исклучително транспарентен имајќи ги предвид сите активности кои беа преземени и спроведени од негова страна за вклучување на граѓанското општество во сите фази од процесот, и тоа во подготовката, дисеминацијата, консултацијата и одлучувањето за предлог содржината на „Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со COVID-19 кризата“ (натаму Програмата за финансирање), „Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија за мерки за справување со COVID-19 кризата“ (натаму Одлуката за критериумите) и „Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата“ (натаму Огласот).

Undefined

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS