Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладините организации

 

Почитувани посетители,

 

Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата. Одделението е формирано како резултат на заложбите на Владата на Република Северна Македонија за институционализирање на соработката, промовирање, поддршка и унапредување на партнерските односи со граѓанскиот сектор.

Одделението е надлежно да го следи и координира спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, се грижи за унапредување на соработката на Владата со граѓанскиот сектор, преку вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање политики и создавање услови за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор, врши стручно-административна поддршка на работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации и на Комисијата за организации со статус од јавен интерес.

Во соработката со граѓанскиот сектор, Одделението ги почитува принципите на взаемна доверба, партнерство, независност, плурализам, учество, транспарентност, одговорност, еднакви можности и недискриминација.

Macedonian

НАЈАВА НА ИНФОРМАТИВЕН ДЕН ЗА 4-ОТ ТЕМАТСКИ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА ИНТЕРЕГ ЕУРО - МЕД ПРОГРАМАТА

Секретаријатот за европски прашања најавува Информативен ден посветен на 4-от тематски повик за финансирање на проекти во рамки на Интерег Еуро-МЕД, кој го организира во соработка со Заедничкиот секретаријат на Програмата.

Информативниот ден ќе се одржи на ден 29.04.2024 година во Центарот за обуки за Секретаријатот за европски прашања.

Учеството на информативниот ден може да се пријави најдоцна до 25 април, 2024 година на следната емаил адреса: ivan.despotovski@sep.gov.mk.

Агендата за настанот ќе биде навремено споделена со регистрираните учесници.

Macedonian

Повик до граѓанското општество на земјите кандидати за ЕУ

Eвропскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) објавува повик за изразување интерес, поканувајќи ги претставниците на организациите на работодавачи, синдикатите и граѓанските организации од земјите кандидати за ЕУ да учествуваат во пилот проектот на ЕЕСК. 

Оваа иницијатива им нуди специфична можност за вклучување и учество на земјите кандидати на ЕУ и е дизајнирана како едногодишен пилот проект за 2024 година и ќе биде евалуирана во декември 2024 година.

Доколку вашата организација е заинтересирана да биде дел од иницијативата на ECM, аплицирајте најдоцна до 25 јануари 2024 година. Секретаријатот на ЕЕСК ќе ги контактира селектираните организации за следните чекори во процесот.

Повеќе информации на следниот линк: https://www.eesc.europa.eu/en/initiatives/call-eu-candidate-countries-civil-society 

Macedonian

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за објавениот повик од страна на УНЕСКО до државите членки за поднесување предлог-проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за периодот 2024 – 2025 година

Врз основа на Резолуцијата 42 Ц/47 усвоена на 42. Генерална конференција на УНЕСКО во 2023 година, се повикуваат државите членки, преку своите национални комисии за УНЕСКО, да поднесат до УНЕСКО најмногу 7 предлог-проекти од 5-те главни програмски области на УНЕСКО: образование, природни науки, општествени науки, култура, комуникации и информации, и 1 регионален проект најдоцна до 29 февруари 2024 година.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS