Одржана 6.седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како дел од Националниот форум – Саем на граѓански организации

На 26.11.2025 година се одржа 6. седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како дел од Националниот форум – Саем на граѓанските организации „Соработка на Владата и граѓанското општество“, во присуство на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев. „Еден од принципите врз основа на кои Владата работи на унапредување на соработката и односите со граѓанските организации е принципот на отвореност и транспарентност, како неопходни инструменти за градење еднаквост пред законот и одговорност на носителите на одлуки. Владата го покажа својот отворен и искрен пристап во вклучување на граѓанските организации во процесите на креирање на јавните политики, токму преку повторното воспоставување на независен, репрезентативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, истакна Јанушев. Членовите на Советот дискутираа за актуелни прашања поврзани со овозможувачката околина за граѓанските организации (Законот за здруженија и фондации, државното финансирање на граѓанските организации, користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР и др.). Исто така, беа номинирани и претставници на Советот во Работната група за измени и дополнување на Законот за здруженија и фондации, Никица Кусиникова од Здружение Конект (член) и Емилиа Ѓероска од Про Локал од Битола (заменик член).

Macedonian

Одржана Петтата седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 28.10.2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Петтата седница, со која претседаваше претседателката на Советот, Никица Кусиникова. Врз основа на пристигнатите пријави по Јавниот повик за избор на претставници на здруженија и фондации во Работната група за подготвување на Нацрт-Стратегијата за транспарентност (2027–2029), објавен на 29.9.2025 година, Советот номинираше тројца претставници на граѓанските организации. Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество формира Работна група за Трансформација на Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите во хоризонтален правно обврзувачки акт и ревидирање на одредбите за планирање на средствата (задолжителни консултации за приоритетите), одлучување (независни комисии, регулирање на конфликтот на интереси, вклучување експерти и претставници на граѓански организации), објавувањето на резултатите, правото на жалба, следење, известување и сл. Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на оваа седница формираше и две работни групи, и тоа: Постојана работна група за комуникации и Постојаната работна група за соработка со организации кои делуваат на локално ниво.

Macedonian

Одржана Четврта седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 25.9.2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Четвртата седница, со која претседаваше претседателката на Советот, Никица Кусиникова. На седницата Советот го усвои Деловникот за работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Програмата за работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество 2025-2026,го разгледа Извештајот за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации од буџетот на органите на државна управа и единиците на локалната самоуправа во 2024 година, како и барањето на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење за номинирање на тројца претставници на граѓанското општество во работна група за подготвување Нацрт Стратегија за транспарентност (2027-2029).

Macedonian

Јавен повик за учество на тројца претставници на граѓанското општество во Работна група за подготвување на Нацрт-Стратегија за транспарентност (2027-2029)

Врз основа на член 2 став 1 алинеја 11 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и заклучоците од Четвртата седница одржана на 25.9.2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на барање на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, објавува Јавен повик за учество на тројца претставници на граѓанскиот сектор во Работна група за подготвување на Нацрт-Стратегија за транспарентност (2027-2029). 

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 13 октомври 2025 година.

 

Јавен повик

Образец на пријава

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS