Извештај за пријавени организации со кандидати и Jавен повик за гласање за избор на 13 членови на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

 

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за бројот на пријавени организации со кандидати од јавниот повик за избор на 13 членови на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, објавен на 23.5.2016 година, во секоја од областите на дејствување од член 3 став (3) на Одлуката и Јавен повик до организациите да го дадат својот глас само за еден од кандидатите во областа на нивното дејствување. Секоја активна организација регистрирана во Централниот регистар на Република Македонија може да гласа за само еден кандидат во една област, освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, до 07.07.2016 година.

 

Извештај со јавен повик за гласање

Образец за гласање

Macedonian

Jавен повик за избор на 13 членови на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

 

Врз основа на член 6 став (1) од Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата објавува Jавен повик за избор на 13 членови на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите.

 

Oрганизациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, можат да предложат кандидат за член на Советот во една од следните области:

Macedonian

Одлука за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор


Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 17 мај 2016 година, донесе Одлука за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, како една од најзначајните мерки за зајакнување на институционалната рамка и практики на соработка содржани во Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012-2017). Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор во Република Македонија, ќе учествува во процесот на креирање на политиките од значење за развојот и делувањето на граѓанскиот сектор преку следење на спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор,  давање мислења по предлози на закони, стратегии, програми и други прописи релевантни за граѓанскиот сектор, следење и анализа на вклученоста на организациите во процесот на креирање на политиките и давање препораки за нејзино унапредување и сл. Советот ќе биде составен од 27 членови, од кои 14 претставници на органите на државната управа и 13 претставници на граѓанските организации избрани по пат на јавен оглас.

Macedonian

Консултативна средба со граѓанските организации за Предлог-одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор

Генералниот секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации на 13 мај 2016 година (петок), од 9:30 до 11:00 часот,во ЕУ Инфо Центарот во Скопје (зграда на Делегацијата на Европската унија, бул.Св.Кирил и Методиј бр.52б),организира консултативна средба со граѓанскиот сектор за Предлог-одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS