29.2

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО СО ЦЕЛ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИОТ АНГАЖМАН И ВОЛОНТЕРСТВО

 

Водечка институција

Министерство за труд и социјална политика

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2020, 1во тромесечје

Индикатори

1. Формирана е работната група за подготовка на измени на Законот за волонтерство

2. Спроведени се јавни консултации за измени на Законот за волонтерство

3. Подготвени се измени на Законот за волонтерство 

4. Изработена е методологија за собирање податоци за бројот на организации на волонтери, волонтери и други сродни податоци

5. Подготвени се и објавени годишни извештаи за волонтерството

 

ВО ТЕК

Превземени активности по индикатори:

Во текот на 2020 година, во соработка со невладиниот сектор и ресорните органи и институции се одржаа неколку средби за да се мапираат проблемите и да се добијат предлози во која насока треба да се измени законот. Истиот е предложен во  Иницијативите за Програмата за работа на Валдата на Република Северна Македонија да се подготви во јуни 2021 година.На средбите се истакна и потребата за носење на Стартегија за промовирање и развој на волонтерството и таа согласно Иницијативите е предвидена да се донесе во јуни 2021 година. Побарани се номинации од ресорни министерства и преставник од Канцеларијата на претседателот на Владата, која работна група ќе работи на двата документи. 

 

Macedonian
Мерки:
Статус: