Повик за учество во тематските подгрупи за финализирање на Стратегијата за реформа на јавната администрација
Primary tabs
Со цел обезбедување на квалитетна и навремена координација и комуникација со граѓанскиот сектор во процесот на финализирање на новата Стратегијата за реформа на јавната администрација (СРЈА) за периодот 2017-2022 и Акциски план за СРЈА, Министерството за информатичко општество и администрација објави повик за номинирање членови од граѓанските организации во тематските работни подгрупи.
За учество во тематските подгрупи, потребно е организациите кои сакаат да номинираат претставници во подгрупите да:
- постојат најмалку една година;
- имаат најмалку два проекти во областа на јавната администрација.
Известување за номинација на членови во тематските подгрупи може да се достави најдоцна до 6-ти јули 2017 година, 16:00 часот, на srja@mioa.gov.mk со доставување на следните податоци:
- име и презиме; звање и работно место; назив на институцијата; контакт телефон и e-mail на номинираното/ите лице/а
- Копија од решението за регистрација на организацијата издадено од Централен регистар на РМ
- Портфолио на организацијата.
Министерството за информатичко општество и администрација напоменува дека поради промена на структурата на Нацрт-Стратегијата, потребно е номинациите за членови да соодветствуваат на моменталните четири цели од Нацрт-Стратетегијата, односно претставниците од организациите да бидат номинирани во следните подгрупи:
1. Стратешка рамка за РЈА, развој на политики и координација
2. Јавна служба и управување со човечки ресурси
3. Одговорност, отчетност и транспарентност
4. Давање услуги и ИКТ поддршка на администрацијата
Организациите кои учествувале со претставници во подгрупата за организација на државна власт можат да се приклучат кон некоја од новите подгрупи каде што сметаат дека можат да дадат најмногу придонес.