Јавен повик за учество на консултативни тркалезни маси за посебни прашања кои се поврзани со Законот за здруженија и фондации
Primary tabs
Проектот Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија (Проектот) финансиски поддржан од ЕУ ја поддржува работата на работната група во рамки на Министерството за правда која работи на изработка на измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации.
Во рамки на поддршката, Проектот организира четири (4) консултативни тркалезни маси на следниве теми:
- Правно препознавање на други форми на здружување;
- Организации и активности од јавен интерес;
- Заштита на непрофитниот карактер; и
- Овозможувачка околина за граѓанските организации.
Цели на консултативните тркалезни маси се:
- Да се идентификуваат и дискутираат недостатоците во постојните закони во четирите теми како и последиците од задржувањето на постојното законско статус кво;
- Да се идентификуваат и дискутираат можните решенија на ниво на закони како и на политики со цел да се адресираат клучните проблеми;
Проектот ги поттикнува и повикува заинтересираните претставници на граѓански организации или неформални граѓански иницијативи да се пријават и да учествуваат на консултативните тркалезни маси.
Консултативните тркалезни маси ќе се организираат на:
12.12.2022
10:00 – 12:00 Правно препознавање на други форми на здружување
14:00 – 16:00 Овозможувачка околина за граѓанските организации
13.12.2022
10:00 – 12:00 Организации и активности од јавен интерес
14:00 – 16:00 Заштита на непрофитниот карактер
Тркалезните маси ќе бидат организирани во хибриден формат, т.е со физичко присуство или on-line. Очекуваното траење на секој настан е два часа. Симултан превод на англиски, македонски и албански јазик ќе биде достапен. Местото и времето на одржување на настаните ќе бидат дополнително споделени, вклучително и Zoom линк за сите заинтересираните учесници. Учесник може да се пријави на повеќе од една тркалезна маса при тоа да се наведе за која сесија се пријавува.
Заинтересираните учесници можат да пријават учество преку e-mail на следната адреса cvetkovic@cpmconsulting.eu не подоцна од 9.12.2022.