Одржана дебата Стратегијата креатор на овозможувачко опкружување за граѓанските организации

На 24-ти јануари, се одржа дебата на тема „Стратегијата креатор на овозможувачко опкружување за граѓанските организации“, организирана во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, а во соработка со Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат.  

Целта на дебатата беше презентирање на Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 и динамиката на нејзино спроведување, улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор при спроведувањето на Стратегијата, како и поддршката што ја дава Европската Унија во развојот на граѓанското општество.

Macedonian

Дебата на тема Стратегијата креатор на овозможувачко опкружување за граѓанските организации

На 24-ти јануари со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи јавна дебата на тема Стратегијата креатор на овозможувачко опкружување за граѓанските организации.

Целта на дебатата е презентирање на Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 година како и динамиката на спроведување на истата. На дебатата ќе се дискутира и за улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор при спроведувањето на Стратегијата, како и за поддршката која ја дава Европската Унија во развојот на граѓанското општество.

Macedonian

Одржани консултации со граѓанските организации за Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година

На 17.12.2018 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија одржа консултации со граѓанските организации за Предлог-програмата за финансирање на  програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.

На консултативната средба активно учество зедоа претставниците на граѓанските организации, кои ја поздравија одлуката на Владата за издвојување на средства за поддршка на програмските активности на здруженијата и фондациите, осврнувајќи се на одредени забелешки на процесот на подготовка и содржината на документот. 

Macedonian

Консултации за Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија организира консултации со граѓанските организации за Предлог-програмата за финансирање на  програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година, што ќе се одржат на 17.12.2018 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ул. Кирил и Методиј бр.50, Скопје).

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS