Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор
Primary tabs
Почитувани посетители,
Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор е советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор во Република Македонија. Советот ја следи и анализира јавната политика која се однесува и/или влијае на граѓанскиот сектор; иницира донесување на нови или изменување и дополнување на постојните прописи за унапредување на правната и институционалната рамка за делување на организациите; дава мислење по предлози на закони, стратегии, програми и други правни акти кои се однесуваат или влијаат на развојот и на делувањето на граѓанскиот сектор; го поттикнува унапредувањето на соработката и градењето на партнерски односи на Владата и органите на државната управа со граѓанскиот сектор; учествува во подготовката и го следи спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор и Акцискиот план за спроведувањето на Стратегијата; дава мислење на годишно ниво за реализација на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор;ја следи и анализира вклученоста на организациите во процесот на креирање на јавната политика преку доставените извештаи за спроведени консултации од страна на органите на државната упава и дава препораки за нејзино унапредување; дава предлози при планирањето на областите и специфичните приоритети за финансирање на активности на организациите од Буџетот на Република Македонија; ги разгледува годишните извешта на Владата и органите на државната управа за финансираните програми и проекти на организациите и дава препораки; разгледува предлози на организации и зазема ставови по прашањата од негова надлежност; усвојува годишен извештај за својата работа за претходната година, што го објавува на веб страната на Генералниот секретаријат - организациона единица за соработка со граѓанскиот сектор и го доставува до Владата и јавноста за информирање.Административно-техничките работи на Советот ги врши Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата.
- Решение за назначување на членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор
- Одлука за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор – пречистен текст
- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор.
- Одлука за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор