Одржана Втората седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 8.5.2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Втората седница со која претседаваше претседателката на Советот, Никица Кусиникова. Врз основа на пристигнатите пријави по Јавниот повик за избор на претставници на здруженија и фондации во советодавни и работни тела на Владата и органите на државна управа, објавен на 14.4.2025 година, Советот номинираше претставници на граѓанските организации во Националниот совет за развој, Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, Секторската работна група за локален и регионален развој и Управниот одбор на проектот „Поддршка на системот за обезбедување на квалитет на социјалните услуги“. Советот се информираше и го поддржа нацрт-текстот на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2025-2028, препорача да се спроведе консултативен процес преку порталот ЕНЕР и јавни расправи со граѓанските организации, а потоа Предлог-Стратегијата повторно да се разгледа на седница на Советот во втората половина на јуни оваа година.

Macedonian

Јавен повик за учество на еден претставник на граѓанското општество во Секторската комисија за уметност

Врз основа на член 2 став 1 алинеја 11 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и заклучоците од Втората седница одржана на 8.5.2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество објавува Јавен повик учество на еден претставник на граѓанското општество во Секторската комисија за уметност. Покрај општите услови наведени во Јавниот повик, кандидатот треба да има завршено високо образование и да има најмалку пет години работно искуство во секторот/дејноста Уметност, од кои две години во областа на доживотното учење и квалификации. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 27 мај 2025 година.

 

Јавен повик

Образец на пријава

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за член и заменик член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во областа Заштита на маргинализираните лица

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации, објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за члени и заменик член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фонданциите во областа Заштита на маргинализираните лица.

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови

Macedonian

Шеснаесетти повик на УНЕСКО за финансирање на проекти во рамките на Меѓународниот фонд за културна разновидност за 2025 година

 

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за 16. повик на УНЕСКО за поднесување проекти за финансирање во рамките на Меѓународниот фонд за културна разновидност за 2025 година. Предлог-проектите треба да се достават исклучиво преку официјалната платформа на УНЕСКО за аплицирање, најдоцна до 21 мај 2025 година. Детални информации за повикот и за процесот на аплицирање може да се добијат на следниов линк: https://www.unesco.org/creativity/en/ifcd/apply.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS