Консултации за стандардизирање на правилата со кои се уредува државното финансирање на граѓанските организации

На 18.12.2025 година, во х. Панорамика, Скопје и виртуелно, во организација на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија “, се одржа консултација на тема „Стандардизирање на правилата со кои се уредува државното финансирање на граѓанските организации - Модели, предизвици, решенија и правна регулатива“. Настанот се организира во рамки на тековниот процес за измени и дополнување на Законот за здруженија и фондации, кој го води Министерството за правда, со цел да се идентификуваат модели и конкретни правни решенија за транспарентно и одговорно државно финансирање, засновани на искуствата на граѓанското општество и институциите, како и на добри меѓународни практики. Заклучоците и препораките од оваа консултација ќе ѝ помогнат на работната група да подготви измени на Законот за здруженија и фондации што ќе ги одразуваат потребите на сите засегнати страни и ќе поддржат одржливо и отчетно државно финансирање.

Macedonian