Одржана 8. седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

02/11/2026

На 27.01.2026 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа осмата седница со која претседаваше претседателката на Советот, Никица Кусиникова. Советот расправаше за Предлог-законот за здруженија и фондации и врз основа на дискусијата утврди мислење со предлог за подобрување на текстот на одделни одредби согласно потребите на граѓанските организации. Советот ги разгледа и утврди мислење по Предлог-Одлуката за условите за распределба и користење на средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година и Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2026 година, предложени од Министерството за односи меѓу заедниците. Советот изрази загриженост за намалувањето на вкупниот износ за финансиска поддршка за проектни активности на граѓанските организации и на максималниот износ на поединечните грантови на организациите, споредено со 2025 година и препорача, во следните циклуси на планирање да се предвиди повисок вкупен износ на финансиската поддршка од буџетот на ова министерство, најмалку во висина на досегашните 20 милиони денари.

На седницата, Советот се информираше и со Извештајот за реализација на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2025 година со финансиски показатели и образложение на постигнатите резултати, подготвен од Министерство за односи меѓу заедниците.

Macedonian