8.1
Primary tabs
АНАЛИЗА НА РЕГУЛАТИВАТА ВО ДОМЕНОТ НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, СО ЦЕЛ ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СПЕЦИФИКИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ КАКО РАБОТОДАВАЧ
8.2 ИЗРАБОТКА НА ИЗМЕНИ НА РЕГУЛАТИВАТА СОГЛАСНО ПРЕПОРАКИТЕ ОД АНАЛИЗАТА
|
Водечка институција |
Министерство за труд и социјална политика |
|
Институции учеснички |
Агенција за вработување на Република Македонија |
|
Рок на спроведување |
2019, 3то тромесечје |
|
Индикатори |
1. Број на одржани јавни консултации или тркалезни маси 2. Број на граѓански организации вклучени во јавните консултации и тркалезни маси 3. Број на координативни состаноци со релевантните државни институции 4. Одржана е тематска седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 5. Објавена е анализата на регулативата во доменот на работните односи, со цел препознавање на спецификите на граѓанските организации како работодавач, со препораки
1. Усвоени измени на регулативата согласно препораките од анализата |
РЕАЛИЗИРАНО
Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:
Во 2018 и 2019 се овозможи граѓанските организации да користат дел од мерките за вработување кои се дел од оперативните планови за програми и мерки за вработување.
На 23.4.2019 година, во рамките на проектот „Промени за одржливост‟ финансиран од ЕУ и спроведуван од Конект, Фондацијата Аполонија и Центарот за даночна политика се одржа Конференција за закони по мерка на граѓанските организации, на која меѓу другото се одржа информативна сесија и дискусија за регулативата во однос на улогата на работодавач на граѓанските организации и активните мерки за вработување.
Со Законот за практиканство, донесен во мај 2019 („Службен весник на РСМ“ бр.98/19), се уредува постапката и условите за остварување на практикантство, правата и обврските на практикантот и на работодавачот кај кој се реализира практикантската работа, договорот за практикантска работа и евиденцијата на практикантска работа. Со донесувањето на овој закон се овозможува граѓанските организации да ангажираат практиканти.
Дополнителни информации:
Од 107-мата седница на Владата: Донесен Предлог-закон за практиканство
















